Швајцарскиот скијач Фрањо фон Алмен е освојувач на првиот златен медал на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо, откако на денешниот спуст во Бормио славеше на убедлив начин пред конкуренцијата.
Швајцарецот до златниот медал стигна со време од 1:51.61 минута што беше за 20 стоти делови од секундата подобро од домашниот натпреварувач Џовани Францони.
Подиумот го надополни вториот Италијанец, легендарниот Доминик Париз кој се закити со бронзата со заостанување од 50 стотинки зад времето на победникот. Најдобриот алпски скијач на денешницата Марко Одермат остана без медал завршувајќи на четвртата позиција со 70 стотинки заостанување зад својот сонародник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

