Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска ги објави финалистите за престижната награда најдобар фудбалер на годината. Во најтесниот избор се најде двоецот на Баерн Минхен Роберт Левандовски и Мануел Нојер, како и ѕвездата на Манчестер Сити Кевин де Бруин.
Интересен е податокот што за првпат по 2010 година кога наградата му припадна на Аргентинецот Диего Милито во најтесниот избор ќе ги нема Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Најдобрите фудбалери на денешницата имаа просечна сезона во Лигата на шампионите. Јувентус настапот го заврши уште во осминафиналната фаза, додека Барселона доживеа дебакл од Баерн Минхен во четвртфиналето.
Neither Lionel Messi or Cristiano Ronaldo have made the finalist list for the UEFA Men’s Player of the Year.
The first time this has happened since 2010 ? pic.twitter.com/RlymTPWTB9
— ESPN FC (@ESPNFC) September 23, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА