ФИФА ја објави листата на судиите што ќе ја делат правдата на Светскотро фудбалско првенство во Русија. Првпат по 80 години на судиската листа нема Британци, што е ретка ситуација во светскиот фудбал.
Последен пат ова е забележано во 1938 година кога домаќин на Мундијалот беше Франција.
На СП во Русија, правдата ќе ја делат вкупно 99 судии, од тоа 36 се главни арбитри и 63 помошници. Меѓу нив нема ниеден од Англија, Шкотска, Велс или од С.Ирска.
Марк Клатенбург беше единствен судија на проширената листа за Мундијалот што беше објавена во 2016 година, но тој го загуби местото откако во февруари годинава ја напушти Премиер лигата и се пресели во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА