За прв пат во повеќе од 100-годишната историја на шаховските натпреварувања на ФИДЕ, светот ќе има двајца светски шампиони.
Тоа ќе бидат Норвежанецот Магнус Карлсен и Русинот Јан Непомњаски кои испишаа историја, бидејќи исходот од Њујорк досега не е виден во историјата на шахот.
Карлсен и Непомњаски одиграа седум партии по ред во финалето во блиц-шахот – првите две ги доби Норвежанецот, вторите две Русинот, а потоа имаше и три нерешени.
Беше решено да се направи преседан и да се подели првото место во оваа дисциплина за првпат досега.
„Веќе игравме многу долго. Мислам дека ова е разумна одлука“, изјави Карлсен по финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА