ЕКИПА во Кардиф, Велс
Владимир Булатовиќ
Македонската фудбалска репрезентација веќе го обезбеди, во најмала рака, баражот за пласман на Светското првенство следната година во САД, Канада и Мексико. Но, неспорен факт е дека Македонија за првпат во својата историја во последното коло од еден квалификациски циклус е во игра за освојување на првото место во групата и директен пласман на едно големо натпреварување!
Првпат, по 15 квалификациски циклуси почнувајќи од оној за ЕП 1996, македонската репрезентација сега во квалификациите за ЕП 2026 до последното коло е во трка и за првото место во квалификациски циклус. Иако, некако оваа комбинација ја оставаме „под сенка“ поради фактот дека Белгија, како апсолутен фаворит, во денешното последно коло игра со, пак, апсолутниот аутсајдер Лихтенштајн и само чудо може да се случи да загуби, сепак фактот дека до крај сме во комбинација и за директен пласман на Мундијал јасно зборува за резултатот на актуелниот репрезентативен состав низ овој циклус.
Токму затоа, вечерва во Кардиф против Велшаните, Македонија ќе игра пред се за одбрана на се досега сработено…, за себе, за македонските фанови и фудбал, но и за триумф кој може да ни значи и Мундијал!
А, што ни носат победа и реми на денешното гостување во Кардиф, а што пораз од Велс!? Која е разликата во ‘тежината’ на баражот во случај на пораз, иако истиот е веќе обезбеден?
- При победа на Македонија вечерва во Кардиф, а пораз на Белгија од Лихтенштајн, тогаш МАКЕДОНИЈА ОДИ ДИРЕКТНО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО 2026!
- При победа на Македонија од најмалку седум гола разлика со Велс, а при реми на Белгија со Лихтенштајн, МАКЕДОНИЈА ОДИ ДИРЕКТНО НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026!
- При победа или реми на Македонија со Велс, а победа на Белгија против Лихтенштајн, тогаш Македонија го освојува второто место во групата и ждрепката за баражот за СП 2026 ќе ја очекува од третиот шешир. Во еден таков случај можни противници во полуфиналето ќе ни бидат репрезентациите од вториот шешир: Р. Ирска, Шкотска, Чешка, Словачка или Австрија.
- При пораз на Македонија од Велс, тогаш нашата репрезентација ги завршува квалификациите како третопласирана, и обезбедува бараж за СП 2026 преку Лигата на нации, очекувајќи ја ждрепката од четвртиот шешир. Во тој случај, можни противници во полуфиналето од плеј-офот ќе ни бидат селекциите од првиот шешир: Италија, Турција, Украина и Полска/ Данска или Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

