За првпат во Македонија ќе се одржи ЈКА карате семинар со Сенсеи Коичиро Окума 7-ми дан во организација на Македонската традиционална карате федерација. Семинарот ќе се одржи од 9. до 13. ноември оваа година во салите на Карате клубот Работнички и Будо центарот НЕДЕВИ во Скопје.
Сенсеи Окума кој е повеќекратен шампион на Јапонија доаѓа на покана на нашиот најдобар каратист Дејан Недев.
Јапонската Карате Асоциација е прва и најстара карате организација во светот формирана во далечната 1949 година од страна на Масатоши Накајама и Хидетака Нишијама основач на ИТКФ. ЈКА е една од најмасовните и најорганизираните карате федерации во светот со седиште во Токио, која во минатото и денес ги испраќа најдобрите јапонски инструктори да го шират каратето во светот.
Меѓу најистакнатите јапонски инструктори кои во минатото одржале карате семинари во Македонија на покана на Венцислав Недев биле: Хидетака Нишијама, Таиџи Казе и Хироши Шираи. ЈКА исто така учествува и се натпреварува на ИТКФ светските шампионати во традиционално карате.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА