На само неколку дена од официјалниот старт на европскиот тркачки серијал TCR Europe за 2020 година, PSS Racing Team ја откри својата нова супериорна Honda Civic Type-R FK8 TCR! Земајќи ја предвид моменталната ситуација предизвикана од ковид-19 на глобално ниво, првиот тркачки серијал, за првпат воопшто до сега, ќе се реализира виртуелно на 02.05.2020, оваа сабота.
За време на трките, вистинските возачи, секој од нив управувајќи од дома, ќе се натпреваруваат во матрица-симулатор од 25 автомобили (симулации од своите вистински автомобили) на симулирана патека идентична на SPA-Frankоchamp.
„Едно е јасно, еуфоријата зад нов дизајн никогаш не е околу изгледот колку што е тестимонијал за напредок на веќе етаблиран имиџ и кредибилитет. Со тоа подразбираме поцврст став, интеграција, стратегија и редефиниција за сопствените правила на игра кои значат подобар перформанс од кога и да е.
На само неколку дена од официјалниот старт на TCR трките за 2020 година, да прејдеме на главното – Запознајте ја нашата нова супериорна Honda Civic Type-R FK8 TCR!Новиот изглед вклучува нов интензитет и финиш на веќе препознатливиот колор кодекс на PSS Racing Team; тотална преработка на браници, странични ретровизори, висока надградба на сопирачките, како и промени во суспензијата, и Honda стандард за сензори. Го вложивме максимумот за да ја надминеме секоја препрека и граница во процесот и горди сме на крајниот производ што во моментов го гледате пред вас.Спонзориран од ‘Honda’, ‘J.A.S.’ и Виктор Давидовски како и секогаш зад воланот, PSS Racing Team е целосно подготвен за било која виртуелна, и реална, трка“, велат од PSS Racing team.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА