Тимот на ПСС Рејсинг не успеа да добие дозвола за влез во Белгија и нема да биде дел од трките на Золдер.
„И покрај спортскиот дух, предизвик и максимално вложените напори за учество во најновиот ТЦР серијал, нашиот тим не успеа да се стекне со дозвола за влез во Белгија и да биде дел од трките на Золдер.
Северна Македонија е сè уште на „црвената листа“ на земји кои се критични поради Ковид-19 ситуацијата што повторно не’ спречува да бидеме дел од тркачкиот настан овој викенд. Им посакуваме успех и уште едно незаборавно искуство на сите учесници во трките на 12 и 13 септември, се надеваме дека наскоро ќе им се придружиме на патеката“, истакнаа од ПСС Рејсинг тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА