ПСВ има ново „чудо од дете“, каков гол му даде на шампионот Ајакс (видео)

ПСВ Ајндховен летово го продаде Мален на Борусија Дортмунд за 30 милиони евра, но поранешниот холандски првак не треба да се грижи за нападот бидејќи има ново „чудо од дете“.

Се вика Нону Мадуеке, 19-годишно момче родено во Лондон кое настапува како крилен дефанзивец, а вечерва беше вистински кошмар за дефанзивците на Ајакс во дуелот од Суперкупот на Холандија. ПСВ неочекувано го демолираше големиот ривал со 0-4, а најзаслужен за ваквиот резултат е токму Мадуеке, кој со два гола во првите триесет минути ја најави победата на својата екипа.

Особено импресивен беше првиот од двата гола, кога Мадуеке тргна во полн спринт, се ослободи од неколку противнички дефанзивци и на крајот го матираше голманот на Ајакс.

Се вчитува...