ПСВ преку Ајакс по 10-ти пат го освои Купот на Холандија (ВИДЕО)

Трофејот на Купот на Холандија замина во рацете на фудбалерите на ПСВ Ајндховен, кои со пресврт успеаја да го совладаат тимот на Ајакс во финалето, и да се закитат по 10-ти пат со овој трофеј.

Ајакс имаше водство преку Гравенберх во 23. минута, меѓутоа Гутиерез во 48. минута израмни, за Гакпо во 50. минута го донесе ПСВ во водство.

Ајакс постигна гол, но беше поништен поради офсајд, па така тимот од Ајндховен успеа да го задржи водството и да се радува на трофејот.

Се вчитува...