Пари Сен Жермен доживеа разочарувачка елиминација од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, а тоа ќе доведе до голема реконструкција во тимот на „светците“ за следната сезона. Прашање е дали и Бразилецот Нејмар ќе остане на „Паркот на принцовите“, не затоа што клубот тоа не го посакува, туку затоа што напаѓачот увиде дека во Париз сепак нема да може да ја освои ЛШ.
Реал Мадрид е заинтересиран за да го ангажира Нејмар претстојното лето, а Пари Сен Жермен за него одреди цена од фантастични 400 милиони евра. Да потсетиме, тој минатото лето пристигна во ПСЖ и стана најскап фудбалер во светот, а францускиот клуб за него плати 222 милиони евра. Сега, нормално, и францускиот клуб сака да заработи на неговата евентуална продажба.
Шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“ открива дека Нејмар се покајал за својот трансфер во ПСЖ и изразил желба да се врати во Барселона. Но, каталонскиот гигант го купи Фелипе Кутињо и сега нема намера да го врати Бразилецот на „Камп Ноу“.
Нејмар во моментов се опоравува од операцијата на скочниот зглоб и скршеницата на стапалото и нема да настапува до крајот на сезоната во дресот на ПСЖ. Се очекува тој да биде подготвен за настап на Светското првенство во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА