ПСЖ бара луда сума за Верати, трансферот во Ал Хилал ќе пропадне

Трансферот на Марко Верати од ПСЖ во Ал Хилал се наоѓа пред колапс откако францускиот првак побарал богатство за да даде зелено светло за заминување на италијанскиот плејмејкер.

Синоќа беше објавено дека Верати веќе ги договорил личните услови за тригодишна преселба во Саудиска Арабија, при што беше најавено и дека двата клуба се блиску до договор. Весникот Л’Екип утрово се јави со сосема спротивни информации, односно дека челниците на Ал Хилал се подготвени да кренат раце од Верати откако ПСЖ побарал неверојатни 100 милиони евра за Верати. Понудата на клубот од Саудиска Арабија не надминувала 40 милиони евра, а двете страни се толку далеку во проценката на фудбалерот што не се гледа начин на кој би бил најден заеднички јазик.

Ал Хилал наместо тоа се насочи кон комплетирање на трансферот на Фабињо од Ливерпул за 40 милиони фунти, па тешко е да се поверува дека овој клуб по Невес, Милинковиќ Савиќ и Фабињо ќе потроши такво богатство на уште еден играч за врска.

Се вчитува...