ПСЖ утре ќе излезе на мегдан со Лил во Суперкупот на Франција, меч за кој тренерот Покетино нема да може да смета на огромен дел од клучните играчи.
Нејмар, Ди Марија и Маркињос се уште се наоѓаат на одмор по настапот на Копа Америка, а покрај нив во тимот ќе го нема ниту Мбапе. Францускиот репрезентативец се мачи со незгодна повреда, па лекарскиот тим препорача да не се ризикува со негов настап, се со цел Мбапе да биде максимално подготвен за мечот со Троа на стартот од новата сезона во Лига 1, закажан за следниот викенд.
Покрај Мбапе, во тимот ќе го нема ниту Серхио Рамос, кој повторно отпадна од комбинација и нема да биде во составот а дуелот со Лил.
За разлика од него, своето деби во дресот на ПСЖ се очекува утре да го има Џини Вајналдум, кој летово пристигна на „Паркот на принцовите“ како слободен играч од редовите на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА