Пикерот на ПСЖ, Лука Карабатиќ, ќе го пропушти неделиот реванш против Кјелце во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Францускиот репрезенативец на првиот меч во Полска се здобил со фрактура на прст на десната рака и неколку недели ќе биде надвор од терен.
Проблеми со повредите име и во таборот на Кјелце. Таму неизвесен е настапот на десниот бек, Алекс Душебаев кој исто така се повреди на првиот од четвртфиналето. Душебаев настрада во дуелот со Никола Карабатиќ и по натпреварот заврши во болница.
ПСЖ има предност од првиот меч на гостински терен кој го доби со 28-34 и е блиску до пласман на Ф4 турнирот во Келн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА