Фудбалерите на Пари Сен Жермен направија чекор поблиску до освојување на нова титула во францускиот шампионат откако вечерва славеа на домашен терен со убедливи 4-1 против Олимпик Лион во натпревар од 30. коло.
Иако беа без услугите на својот најдобар фудбалер, Килијан Мбапе „светците“ без проблеми стигнаа до нов триумф откако поведоа со 1-0 по само три минути со автоголот на Немања Матиќ. Во шестата веќе беше 2-0 со погодокот на Бералдо. Рамош во 32. минута зголеми на 3-0, додека во 37. минута гостите намалија на 3-1 преку Нуамах. До крајот на првиот дел Рамош со својот втор гол зголеми на 4-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА