Фудбалерите на Пари Сен Жермен славеа на гостувњето кај Ница со 1-2 во заостанатиот натпревар од 32. коло во француската Лига 1.
Иако Луис Енрике на овој меч не можеше да смета на Мбапе и Дембеле, светците сепак успеаја да стигнат до нов триумф. Водство од 0-1 донесе Баркола во 18. минута, додека само четири минути подоцна беше 0-2 со погодокот на Загуе.
Конечните 1-2 беа дело на Чо во 31. минута.
Во вториот меч вечерва Ремс славеше над Олимпик Марсеј со 1-0.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА