ПСЖ без милост, постигна четири голови на гостувањето во Анже

ПСЖ ја продолжи победничката низа во Лига 1, воедно и стигна до деветтиот триумф во француското првенство со победа од 2-4 на гостувањето кај Анже.

Парижани победата ја најавија уште во првите 20 минтуи со два брзи голови на Ли Канг-Ин во 17. и 20. минута. Веќе до крајот на првото полувреме Барколо постигна уште два гола за убедливи 0-4. Поразот го ублажија Лепол во 91. минута и Биумла во 97. минута.

 

Се вчитува...