ПСЖ има предност од 1-0 пред реванш дуелот во Лигата на Шампионите против Арсенал, но постои голема можност на теренот во главниот град на Франција да не се најде Усман Дембеле, стрелецот на единствениот гол на „Емирати“.
Францускиот репрезентативец заработи повреда на задната ложа па мораше да биде заменет во второто полувреме. Деталните прегледи утврдија дека не станува збор за тешка повреда, но и покрај тоа постои можност да не биде дел од реваншот.
Дембеле оваа сезона на 13 одиграни натпревари во Лигата на Шампионите забележа осум голови и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

