Францускиот шампион Пари Сен Жермен запиша нова победа во Лигата на шампионите откако вечерва во 4. коло без поголеми проблеми славеше над екипата на Фредериција со 38-30.
Иако пружија добар отпор гостите во првиот дел, немаа сила за ништо повеќе од тоа со минус три (18-15) да заминат на пауза. Во вториот дел „светците“ го контролираа резултатот па на крајот стигнаа до рутински триумф од 38-30.
Пранди со девет и Сипжак со осум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Мартин Бизгард постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА