Францускиот клуб Пари Сен Жермен ќе испрати понуда вредна 60 милиони евра до европскиот првак Реал Мадрид за ангажман на колумбискиот интернационалец Хамес Родригез. Тој не е задоволен од минутажата што ја добива од тренерот Зинедин Зидан и најави можност за разделба, а „светците“ сакаат тоа да го искористат и да го доведат во Париз. Сепак, „кралевите“ бараат 70 милиони евра за продажба на одличниот играч за врска.
За Хамес Родригез се заинтересирани и Манчестер јунајтед и Јувентус, но засега нема ниту една конкретна понуда до Реал Мадрид. Пари Сен Жермен се надева дека за сума од 60 милиони евра сепак ќе успее да го доведе во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА