Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во осминафиналето на Купот на Франција откако вечерва славеа на гостувањето кај нисколигашот Еспали со 2-4.
Домаќините стигнаа до шокатно водство од 1-0 со голот на Гјечи во 3. минута. ПСЖ израмни на 1-1 преку Заире Емери во 37. минута. Доуе во 67. минута донесе водство за гостите од 1-2, додека домашниот тим израмни на 2-2 преку Фурнел во 77. минута.
До ново водство „светците“ стигнаа со погодокот на Баркола во 88. минута, додека конечните 2-4 ги постави Рамош од пенал во 92. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА