Ракометарите на Пари Сен Жермен стигнаа до нова победа во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен во 7. рунда од новата сезона славеа над Спортинг Лисабон со 30-28.
Светците во првото полувреме направија предност од два гола (16-14), што успешно успеаја да ја задржат до самиот крај за конечен триумф од 30-28. Jaхија Омар, Сипжак и Пранди постигнаа по шест гола за победникот, додека кај поразените Јан Гури исто така заврши со шест гола.
Унгарскиот Веспрем славеше на гостувањето кај Висла Плоцк со 23-27 во последниот меч од денешната понуда во Лигата на шампионите. Унгарците во текот на целиот меч ја имаа предноста и не му дозволија во ниту еден момент на противникот да се понадева на позитивен резултат. Елисон со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Миха Зарабец постигна девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА