ПСЖ до Реал: Ако не го дадете Винисиус, не можете да го добиете Нејмар

Реал Мадрид не се откажува од трката по Нејмар, но „кралевите“ ќе треба да донесат одлука, дали да го „жртвуваат“ Винисиус како дел од овој мегатрансфер. Преговорите меѓу францускиот првак и најтрофејниот европски клуб продолжија и во текот на денешниот ден, но „светците“ испратија ултиматум до шпанскиот гигант – воопшто да не испраќа понуда ако во неа не е вклучен бразилскиот суперталент.

Тренерот Тухел и директорот Леонардо се свесни дека пред самиот крај на преодниот рок тешко ќе договорат мегатрансфер како замена за Нејмар, па затоа ќе настојуваат таков калибар на играч да биде донесен во директна размена за проблематичниот ас. Барселона не испрати адекватна понуда што би ги задоволила вкусовите на францускиот гигант, а во преговорите со Реал веќе биле одбиени Иско и Бејл.

Целта на „светците“ е јасна – да го добијат Винисиус и дополнителни 120 милиони евра. Не се исклучува можноста сумата дополнително да се намали со вклучување на уште еден фудбалер, но ставот на ПСЖ е дека во „пакетот“ мора да биде и Винисиус.

Време има се помалку, Реал сака да донесе нова мегаѕвезда, а ПСЖ да се ослободи од Нејмар. Сепак, останува да се види дали двата европски гиганти ќе успеат да постигнат договор.

Се вчитува...