ПСЖ добива конкуренција во Франција: Саудици го купуваат Монако, „крадат“ и клучен човек на парижани

По превземањето на Пари Сен Жермен од страна на катарскиот инвестициски фонд овој париски клуб се наметна како еден од најдоминантните во историјата на францускиот фудбал освојувајќи десет титули во последните 12 години. Единствени кои успеаја да застанат на патот на „светците“ беа Лил во сезоната 2020/21 и Монако во сезоната 2016/17.

Сепак оваа апсолутна доминација наскоро би можела да биде прекината со последните најави на француските медиуми за влез на саудискиот инвестициски фонт во францускиот фудбал, потточно по превземањето на Монако кој веќе подолго време е на продажба.

Според пишувањата на „Л’Екип“ веќе е и договорено на чело на прокетот да биде Луис Кампос што наиде на голем шок во француската јавност со оглед на тоа што Кампос е еден од клучните луѓе во управата на ПСЖ.

Кампос во моментот е одговорен за стратегијата на клубот, а претходно ја вршеше и должноста на спортски директор па неговото заминување ќе биде тежок пораз за ПСЖ.

Искусниот 59-годишник во Монако би требал да биде именуван за претседател на клубот и да добие „отворени раце“ за Монако да го доведе до врвот на францускиот и европскиот фудбал.

Се вчитува...