ПСЖ донесе германско засилување за 37 милиони евра

Младиот германски фудбалер, Тило Кехрер е нов играч на францускиот ПСЖ. 21-годишниот одбранбен фудбалер во Париз стигна од Шалке во трансферот вреден 37 милиони евра.

Кехрер со парискиот тим потпиша четиригодишен договор, а ќе заработува по пет милиони евра по сезона.

ПСЖ во овој преоден рок долго бараше засилување меѓу одранбените играчи. Во комбинација за трансфер во францускиот тим се споменуваа Леонардо Бонучи, но тој реши да се врати во Јувентус како и Жером Боатенг кој засега останува во Баерн. На крај ПСЖ го доби талентираниот дефанзивец од Тубинген кој во последните две сезони за Шалке одигра вкупно 54 натпревари и запиша четири гола и четири асистенции.

Се вчитува...