ПСЖ е единствената опција за Дракслер

Фудбалерот на ПСЖ, Жулијан Дракслер не разсмислува да го напушти клубот и покрај бројните шпекулации за неговата иднина. Тој истакна дека е среќен во Париз, а моментално е фокусиран само на остварување на позитивни резултати со „светците“. Шпекулациите околу неговото заминување од француската престолнина произлегоа откако го загуби местото во стартниот состав по доаѓањето на Нејмар и Мбапе.

„Не размислувам за преселба во друг клуб. Нема да барам нова средина ниту во зимскиот, ниту во летниот преоде рок. Среќен сум во ПСЖ, потполно сум фокусиран на остварување на нашите цели. Речиси една половина од сезоната помина, сега не е време да размислувам за иднината, но, секако Бундеслигата секогаш е интересен предизвик“, изјави Дракслер.

По пристигнувањето од Волфсбург минатата зима, Дракслер постигна 12 гола на 39 натпревари за ПСЖ, а наводно за германскиот репрезентативец се интересираат неколку клубови учесници во Лигата на шампиони, а меѓу нив се најде и Барселона.

 

Се вчитува...