Фудбалерите на Пари Сен Жермен на доминантен начин се пласираа во полуфиналето на Националниот куп на Франција откако вечерва во последното четвртфинале славеа на гостувањето кај нисколигашот Стад Бриошан со убедливи 0-7.
Водство од 0-1 за гостите донесе Жоао Невеш во 16. минута. До крајот на првиот дел беше и 0-2 со голот на Рамош во 36. минута. На 0-3 зголеми истиот фудбалер од пенал во 48. минута, додека 0-4 беше со голот на Доуе во 55. минута.
Рамош со својот хет-трик во 58. минута зголеми на 0-5, додека додека на 0-6 зголеми Мајули во 66. минута. Конечинте 0-7 беа дело на Дембеле во 85. минута.
[deleted by user]
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

