ПСЖ ги осуди немирите во Франција по победата во Лигата на шампионите, во кои загинаа две лица, а преку 200 се повредени. Еден полицаец поради немирите се наоѓа во кома, додека беа запалени неколку продавници, автомобили и имаше хаос низ улиците на главниот град Париз.
ПСЖ објави дека „најостро го осудува насилството што се случи за време на прославата. Титулата во Лигата на шампионите треба да биде момент на колективна радост, а не на немири и хаос“.
„Овие изолирани дејствија се спротивни на вредностите на клубот и во никој случај не го претставуваат огромното мнозинство од нашите навивачи, чие примерно однесување во текот на целата сезона заслужува пофалба. ПСЖ апелира до сите да покажат одговорност и почит, за оваа историска победа да остане извор на гордост за сите“, се вели во соопштението на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

