ПСЖ ги почна преговорите за доживотен договор за Енрике

ПСЖ започна преговори за продолжување на договорот со Луис Енрике. Екипата од Париз е подготвена да му понуди доживотен договор на Шпанецот, кој ги освои сите можни трофеи, вклучувајќи го и пехарот во Лигата на шампионите по импресивната победа над Интер од 5-0 во минагодишното финале.

Сепак, и покрај одличната понуда, прашање е дали самиот тренер ќе прифати, со оглед дека се се погласни шпекулациите дека сака нов, посилен предизвик во кариерата.

Останува д асе види дали челниците на ПСЖ ќе успеат во нивната намера, и покрај тоа што ПСЖ сезонава не игра според очекувањата, и тимот не доминира во француската Лига 1 како што беше тоа случај во изминатите сезони.

Се вчитува...