ПСЖ гледа кон Бернардо Силва

Екипата на Барселона добива сериозна конкуренција во потписот со португалскиот репрезентативец Бернардо Силва. Силва на крајот од сезоната ќе стане слободен играч, ќе замине во друг клуб, а се шпекулира дека Каталонија ќе биде негова следна дестинација.

Но, во последно време се појавија информации дека и ПСЖ ќе се вклучи во трката за искусниот играч од средниот ред на Манчестер Сити.

Од друга страна постои можност да не бидат исполнети финансиските барања на играчот од страна на Барселона, па не е исклчучена можноста да замине и во турскиот гигант Галатасарај. За него исто така има интерес и од некои од клубовите од Саудиска Арабија.

Се вчитува...