Пари Сен Жермен го совлада Монако со убедливи 5-0 во полуфиналето на Купот на Франција и обезбеди пласман во финалето каде ќе се сретне со Анжер. „Кнезовите“ на овој дуел допатуваа без голем број од првотимците, тренерот Леонардо Жардим реши да ги одмори пред двомечот со Јувентус во полуфиналето на ЛШ, а тоа „светците“ умееја да го искористат на најдобар можен начин.
Дракслер и Кавани донесоа предност од 2-0 за ПСЖ во првиот дел, на почетокот на второто полувреме Мбае си постигна автогол,а во листата на стрелците за домаќинот се запишаа и Матуиди и Маркињос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА