ПСЖ го доби Монако во финалето на Лига купот на Франција

Пари Сен Жермен е освојувач на Лига купот на Франција. „Светците“ во вечерашното финале во Бордо го совлада Монако со убедливи 3-0 и на доминантен начин го освоија трофејот.

Тимот на Унаи Емери поведе во седмата минута, а стрелец на голот од пенал беше Единсон Кавани. Многу брзо Анхел Ди Марија зголеми и на 2-0 во 21.минута. Пред самиот крај на натпреварот Кавани уште еднаш се запиша во листата на стрелците и ја потврди доминацијата на ПСЖ.

Се вчитува...