ПСЖ го договори засилувањето што го бараше Луис Енрике

Европскиот првак ПСЖ договори уште еден трансфер, откако конечно најде заеднички јазик со Борнмут за ангажманот на Илија Забарњи, украинскиот репрезентативец кој кариерата ќе ја продолжи на „Паркот на принцовите“.

Преговорите стартуваа пред два месеца, но беа стопирани откако англискиот клуб инсистираше на отштета од 60 милиони евра, а ПСЖ нудеше десет милиони помалку. Сепак, тренерот Луис Енрике инсистираше токму овој дефанзивец да биде доведен како идеално освежување за играчкиот кадар на актуелниот европски шампион, а управата на крајот реши да ја исполни желбата на трофејниот стручњак.

Вкупната понуда на францускиот гигант ќе изнесува 60 милиони од кои 50 милиони ќе бидат загарантирани, а Забарњи до крајот на оваа седмица ќе отпатува за Париз, каде по деталните прегледи ќе следи и потписот на петгодишниот договор со ПСЖ што беше договорен уште на почетокот од летово.

Се вчитува...