ПСЖ го има најслабиот старт во сезоната во последните 9 години

ПСЖ оствари само две победи од петте почетни кола во француската Лига 1. Избраниците на Луис Енрике синоќа не успеаја да го избегнат поразот на домашен терен од Ница, која победи сред Париз со 2-3. Претходно ПСЖ одигра два пати нерешено и два пати победи.

Ова е најслабиот старт на сезоната за „светците“ во последните девет години. Во 2014 година имаа исто две победи во пет кола во Лига 1.

На 24. септември во следното коло ПСЖ гостува на жешкиот терен во Марсеј, на Олимпик, еден од претендентите да ја сопре доминацијата на Парижаните.

Се вчитува...