ПСЖ го „издрибла“ Арсенал во трансфер битка

Бразилскиот фудбалер Родриго е прекуброен во редовите на Реал Мадрид, а и покрај тоа што сакаше да се избори за место во тимот под водство на новиот тренер Чаби Алонсо мала е веројатноста дека во сезоната 2025/26 ќе го гледаме во „кралскиот“ дрес.

Реал Мадрид сака да се ослободи од неговите услуги па веќе се вршат активни преговори со повеќе европски гиганти за трансфер во вредност од над 90 милиони евра.

Родриго е голема желба на Арсенал, но проблем му претставува последниот кој се вклучи во преговорите, актуелниот европски шампион ПСЖ кој сака да ја искористи ситуацијата да стигне до ангажман на еден од најдобрите фудбалери на својата позиција.

ПСЖ не планира да штеди за ангажман на фудбалерот па се очекува и преговорите да прогесираат веќе во наредните денови.

Се вчитува...