ПСЖ го „краде“ Ндомбеле пред носот на Реал Мадрид

Францускиот првак Пари Сен Жермен не дозволува така ласно најдобрите фудбалери од Ле шампионат да заминат на интернационална сцена. Раководството на клубот отпочна преговори со Лион за ангажман на Тајгун Ндомбеле, одличниот играч за врска. Тренерот Томас Тухел посакува да го реновира средниот ред и смета дека Ндомбеле одлично би се вклопил меѓу „светците“.

Манчестер Сити е подготвен да плати 50 милиони евра за да го доведе Ндомбеле на „Паркот на принцовите“ и сака да реагира брзо за да го „украде“ пред носот на Реал Мадрид. Зинедин Зидан, тренерот на „кралскиот клуб“ исто така сака да го има во својот тим Тајгун Ндомбеле.

Се вчитува...