Францускиот првак Пари Сен Жермен е блиску до договор со досегашниот голман на Реал Мадрид, Кејлор Навас. Тој заминува од „Сантијаго Бернабеу“, има неколку понуди од Италија, но раководството на „светците“ сака да го ангажира како замена за Џанлуиџи Буфон, кој по една сезона го напушта Париз.
Многу потешка е мисијата на „Паркот на принцовите“ да се доведе Матијс де Лихт, капитенот на Ајакс. Откако се изјаловија преговорите за негов трансфер во Барселона, челниците на ПСЖ ќе сторат се за да го добијат еден од најпосакуваните фудбалери во Европа во овој момент. За него се подготвени да понудат 75 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА