ПСЖ го купува Мауро Икарди?!

Францускиот првак Пари сен Жермен е новиот фаворит во трката по Мауро Икарди, откако „светците“ решиле да тргнат во офанзива за потпис на поранешниот капитен на Интер. Тимот од Париз се подготвува за заминување на Единсон Кавани, а Икарди е изборот на „светците“ за нов член на ударното напаѓачко трио, крај Нејмар и Мбапе.

„Газета дело спорт“ објави дека Интер ја спуштил цената што ја бара за Аргентинецот на 70 милиони евра, сума што ПСЖ може да си ја дозволи за повторно да формира „атомско трио3 во навалната линија.

Од ваквиот развој на настаните би биле задоволни и во Интер, чии газди би ја добиле сумата што ја бараат, а воедно и не би засилиле директен ривал, со оглед на фактот дека Јувентус важи за најзагреан тим за да го доведе Икарди во своите редови.

Се вчитува...