ПСЖ размислува да го откупи Серху Гираси од Борусија Дортмунд, кој има одлична сезона во таборот на „милионерите“, особено во Лигата на шампионите каде што во моментов е најдобар стрелец со 13 голови.
Гираси пристигна од Штутгарт минатата година, и има импресивни бројки, а токму тоа е адутот за трансфер во ПСЖ. Голгерот наводно имал клаузула од 70 милиони евра, која важи само за одредени клубови, меѓу кои не е ПСЖ, па така финалистот во Лигата на шампионите ќе отвори преговори со „милионерите“ за евентуална отштета.
Претходно Гираси изјави дека нема намера да го напушти клубот и дека ќе остане и следната сезона, но добра понуда би можело да ги премисли челниците на германскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

