Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој сега игра како позајмен фудбалер во Галатасарај, од јануари најверојатно се сели во редовите на француски ПСЖ.
Веќе финишираат преговорите меѓу двете страни, со најава за дефинитивен договор во јануари 2025. ПСЖ го посакуваше уште изминатово лето, но одби да плати сума од 100 милиони евра од Наполи. Подоцна, Осимен беше испратен на позајмица во Галатасарај.
Осимен во ПСЖ доаѓа доколку клубот се раздели со Рандал Коло Муани, за кого е заинтересиран Манчестер Јунајтед. Нигериецот од почетокот на сезоната во Турција има постигнато 10 голови, дополнети и со пет асистенции на 14 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА