Францускиот гигант Пари Сен Жермен е убедлив во првенството на Франција, но и покрај тоа сака да ја уништи конкуренцијата, собирајќи го најдоброто од шампионатот во својот состав. Откако го доведе Килијан Мбапе од Монако на почетокот од сезоната, сега сака да продолжи со таквата пракса и да го ангажира Бразилецот Малком од Бордо.
Се работи за 20-годишен бразилски фудбалер, кој блесна оваа сезона во полн сјај во дресот на Бордо и постигна голови кои ја воодушевија јавноста. Секако, раководството на ПСЖ и тренерот Унаи Емери го забележаа талентот на Малком и сакаат веќе во зимскиот преоден рок да го доведат на „Паркот на принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА