ПСЖ го „мерка“ најдобриот играч на Њукасл

Во обидот да дојде до подобри резултати и да ги поправи игрите, особено во Лигата на шампионите, ПСЖ планира добро да се засили во јануарскиот преоден рок. Според информациите од Англија, најдобриот играч на Њукасл, Бруно Гимараеш е трансферна цел на францускиот шампион.

Гласините за трансферот ги коментираше и Еду Хау, менаџерот на Њукасл.

„Целта ни е да ги задржиме најдобрите играчи“, рече тој.

Меѓутоа доколку до Њукасл стигне некоја примамлива понуда, тогаш лесно може да се случи Гимараеш да ја напушти Англија и да се пресели во Париз.

Се вчитува...