Францускиот првак Пари Сен Жермен би се сложил Бразилецот Нејмар да си замине и да ја исполни желбата за враќање во Ла Лига, но го понуди на Реал Мадрид, а не на неговиот поранешен клуб Барселона. „Светците“ имаат и конкретна понуда за Флорентино Перез. Го сакаат Лука Модриќ во Париз и плус 100 милиони евра.
Хрватот Модриќ беше на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“, но по доаѓањето на Зидан беше донесена одлука да остане и да биде една од главните алки во средниот ред. Сепак, Томас Тухел го сака во Пари Сен Жермен. Прашање е дали ова би била прифатлива опција за „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА