Францускиот првак Пари Сен Жермен веднаш одговори на изјавата на Килијан Мбапе дадена по неговиот избор за најдобар фудбалер во Франција, а во која напомена дека иднината можеби ја гледа и на друго место. Од „Паркот на принцовите“ дојде порака дека Мбапе и понатаму има иднина единствено во Париз, со оглед дека има актуелен договор со ПСЖ.
„Многу силни релации ги спојуваат Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе веќе две години и приказната ја продолжуваме заедно. Ние ги делиме амбициите да испишеме историја во европскиот фудбал во годината кога ПСЖ ја одбележува 50-годишнината, долго очекуван момент да се сврти нова страница во нашиот клуб во кој секоја индивидуа има своја голема вредност во колективот“, истакнуваат од ПСЖ.
За Килијан Мбапе сериозно е заинтересиран Реал Мадрид, кој е подготвен да понуди рекордна сума за да го одведе на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА