ПСЖ го остави Милан на „нула“ и по три меча, Звезда без шанси против Лајпциг (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан и трет натпревар по ред се без постигнат гол во Лигата на шампионите, откако вечерва загубија на гостувањето кај Пари Сен Жермен со 3-0. Стрелци на головите за „светците“ беа Килијан Мбапе во 32. минута, Коло Муани во 53. минута и Кангин Ли во 89. минута.

PSG [2] – 0 Milan – Randal Kolo Muani 53′
byu/PSGCampus insoccer

Пораз доживеа и Црвена Звезда на гостувањето кај Лајпциг од 3-1. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Раум во 12. минута. Чави Симонс во 59. минута зголеми на 2-0. Надеж за гостите донесе Стамениќ во 70. минута кој намали на 2-1, но сепак до крајот домаќините со голот на Дани Олмо во 84. минута ги разрешија сите дилеми околу победникот (3-1).

Leipzig [2] – 0 Crvena zvezda – Xavi Simons 59′
byu/Previous-Success8007 insoccer

 

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 3. КОЛО: 

БАРСЕЛОНА – ШАХТЈОР 2-1 

ФЕЕНОРД – ЛАЦИО 3-1

ПСЖ – МИЛАН  3-0

ЊУКАСЛ – БОРУСИЈА Д.

СЕЛТИК – АТЛЕТИКО М.

ЛАЈПЦИГ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 3-1

ЈАНГ БОЈС – МАНЧЕСТЕР СИТИ  1-3

АНТВЕРПЕН – ПОРТО

Се вчитува...