ПСЖ го победи Мец и се врати на врвот во Лига 1 (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ повторно е лидер на табелата во француската Лига 1, откако вечерва на свој терен со 3-0 го совлада тимот на Мец. Така „Светците“ го искористија киксот на Ленс, кој претходно загуби од Монако, и сега повторно се на првата позиција.

Дуе во 3. минута веднаш го носи ПСЖ до предност. Во судиското надополнување од првиот дел Баркола зголеми на 2-0.

Во второто полувреме Рамос во 77. минута ги постави конечните 3-0.

Се вчитува...