Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, се уште не го продолжи договорот со клубот од „Олд Трафорд“, а како се приближува летото се посилни се гласините дека ќе го напушти англискиот премиерлигаш.
Еден од најдобрите голмани на светот, одамна е интересен за најбогатите европски клубови, а ПСЖ е подготвен да му понуди договор кој не се одбива. „Светците“ се подготвени на Шпанецот да му обезбедат седмична плата од 350.000 фунти, со која ќе стане најскап голман во светот.
Де Хеа во 2011 година од Атлетико Мадрид премина во Манчестер Јунајтед, а Шпанецот моментно се проценува на 63 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА