Новиот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе, денеска и официјално беше претставен на јавноста како нов член на парискиот клуб. 18-годишниот Французин пристигна на едногодишна позајмица, по која „светците“ ќе исплатат 180 милиони евра на Монако.
„Огромно е задоволството што имам можност да се приклучам на еден од најголемите клубови во светот. ПСЖ поседува квалитети да биде најдобриот клуб, сметам дека за брзо време ќе го оствариме тоа, нормално со напорна работа и посветеност на нашата цел. Во мај истакнав дека сакам да останам во Монако, тоа ми беше првиот избор, бидејќи имавме навистина добра сезона. Но, ме предомислија неколку фактори, и сметам дека го направив вистинскиот потег. Париз е мојот дом. Целта ми е да учам што е можно повеќе тука, а истовремено да освојувам титули“, истакна Мбапе.
Килијан ќе има заигра покрај Нејмар, а заедно со Кавани прават „смртоносно“ трио во нападот. Под водство на Емери, смета дека ПСЖ може да стигне до успеси. За неговата висока цена, Мбапе вели дека нема да го спречи да го покаже своето најдобро.
Секако, возбуден сум што ќе играм покрај Нејмар, но јас тука дојдов поради проектот на ПСЖ. Имаме одличен тренер, кој знае што сака. Ми посочи каде планира да ме употребува, но за мене не е важно на која позиција ќе играм, бидејќи лесно се адаптирам на сите напаѓачки задачи, мое е само да му верувам на Емери во неговата одлука. Тој знае што сака и сметам дека може да не води до нови успеси. Сумата исплатена за мене е неважна, нема да ме спречи да покажам што знам, ниту пак да ми врши притисок“, заврши Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА