Францускиот првак Пари Сен Жермен и дефинитивно ќе се раздели со Бразилецот Нејмар. Речиси е договорено неговото враќање во Барселона и само детали го делат од камбек на „Камп Ноу“. ПСЖ е задоволен со 130 милиони евра и двајца играчи кои од Барселона треба да се преселат на „Паркот на принцовите“.
Преговорите сега се токму во таа насока. Кои фудбалери на Барса се најблиску до преселба во Париз. Во опција се Иван Ракитиќ, Фелипе Кутињо, Осман Дембеле и Самуел Умтити. Тренерите Ернесто Валверде и Томас Тухел имаат свои желби, прашање е како ќе се одвиваат преговорите во следните неколку дена.
Нејмар во 2017 година за рекордни 222 милиони евра од Барселона направи трансфер во Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА