Пари Сен Жермен со убедлив триумф во дербито против Монако (7-1) и официјално ја освои шампионската титула во Франција, на пет кола до крајот на шампионатот. „Светците“ го растурија најголемиот ривал и сега имаат недостижни 17 бода предност пред Монако.
Избраниците на Унаи Емери имаа фуриозни 12 минути во првиот дел, кога постигнаа четири гола, од 15. до 27.минута. Ло Селсо, Кавани, Ди Марија и Ло Селсо решетаа безмилосно, а Рони Лопез во 38.минута намали на 4-1.
Но, и во вториот дел продолжи голеадата на ПСЖ. Ди Марија постигна уште еден гол, Фалкао си постигн автогол, а маките на Монако ги запечати Дракслер со голот во самиот финиш, за неверојатни 7-1 и шампионска титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА